Хроника мвр

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Три лица од Скопје во текот на вчерашниот ден биле искасни од кучиња скитници, во посебни случаи.

На 22.07.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром, А.П.(18) од Скопје пријавила дека на ул. „Матеа Матевски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 22.07.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.07.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Т.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

To top