Хроника

Три лица искасани од кучиња скитници

Три лица искасани од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден, три лица, во посебни случаи, биле искасани од кучиња скитници.

На 18.07.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ч.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 18.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани, С.А.(30) од с.Грдовци, кочанско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 18.07.2024 во 08.10 часот во ОВР Кавадарци, В.Б.(56) од Кавадарци пријавила дека на место викано „Моклиште“ во Кавадарци била касната од куче скитник.

To top