Хроника кај ботун

ТРАГЕДИЈА: Возач (22) и сопатничка (21) загинаа откако со автомобил излетале од пат и паднаа во река

Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.

ТРАГЕДИЈА: Возач (22) и сопатничка (21) загинаа откако со автомобил излетале од пат и паднаа во река

Охридската полиција утринава во 07:21 чaсот добила пријава дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.

-По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција.

To top