Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднале од тераса во скопска Кисела Вода.
Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување на помош.
Голем број екипи интервенираа на лице место.
Полицијата ги утврдува причините за настанот, засега нема повеќе детали.