Хроника

Трагедија во Чаир: Скопјанец почина откако бетонски столб паднал врз него

Трагедија во Чаир: Скопјанец почина откако бетонски столб паднал врз него

На 28.09.2024 околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб.

-Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

To top