Тело на машко лице синоќа било извадено од водите на Вардар во Скопје кај Центар, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен синоќа околу 19:50 часот во СВР Скопје дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице.
-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. (МИА)