На 03.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.С.(50) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.