Хроника СВР Битола

Товарно возило удри во електричен тротинет, млада битолчанка тешко повредена

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.

Товарно возило удри во електричен тротинет, млада битолчанка тешко повредена

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„4 Ноември“, ул.„Влатко Миленковски“ и ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О.(20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Најнови вести од Хроника

To top