На 20.08.2024 во 06:00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“,патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.