На 02.09.2024 околу 23:40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20:30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско.
Според пријавеното, околу 20:00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.