Денеска (06.07) во 00.10 часот во СВР Скопје, А.Л.(32) од село Арачиново, скопско, пријавил дека пред неговата куќа слушнал истрели од огнено оружје.
-Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од пиштолска муниција, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.