На 15.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во Транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово.
М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка.