Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Е.(23) од с.Добридол, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 10.07.2024 во с.Топлица, општина Врапчиште, поради претходно нарушени односи, пријавениот физички го нападнал С.Ј.(18) од с.Дебреше, по што со тврд предмет го оштетил и неговото возило.