СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.И.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Пријавениот на социјална мрежа истакнал објава со навредливи и заканувачки зборови, во која биле наведени личните податоци на Ш.З.(33).
На 14.05.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај таткото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две усб, лаптоп, компјутер, мобилен телефон и сим картичка.