На 28.12.2024 година во 22:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски’’ во Скопје, патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.