Денеска (02.07.2024) во 03:10 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека околу 00:30 часот, С.О.(24) од Скопје, вработен во клиниката, се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во клиниката.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.