Хроника струшко

Тешко повреден возач на мопед

Тешко повреден возач на мопед

На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(67) од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

To top