Денеска (13.07.2024) во 03:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје Ѓ.М.(30) од Скопје додека управувал мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.