Хроника СВР Скопје

Тешко повреден скопјанец, го удриле со возило додека пешачел

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Тешко повреден скопјанец, го удриле со возило додека пешачел

На 27.11.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од с.Моране, скопско удрило во пешакот К.С.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top