На 18.01.2026 во 18:17 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „9 Септември“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(63) од Прилеп, удрило во паркирано патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од О.М.(50) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.С., констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.