На 01.01.2024 во 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, кај с.Слупчане четирицикл „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.З.(49) од с.Лојане излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.