На 27.05.2024 во 07:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „сеат леон“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од Пробиштип, удрило во И.К.(41) од Штип, кој извршувал работни задачи на патот, а потоа излетало од коловозот.
Во несреќата, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.