На 03.05.2024 во 10:02 часот во ОВР Виница, од Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Д.(61) од Кочани.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фирма во Виница.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница и известен бил трудов инспектор.