На 01.06.2024 во 17:55 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.М.(23) од Битола, удрило во велосипед управуван од Н.Ѓ.(59) од Битола.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.