На 01.04.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Јанко Митиќ“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од с.Студеничани, скопско, удрило во пешакот Б.А.(93) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.