На 04.10.2024 во 18:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.П.(35) од с.Младо Нагоричане-о.Старо Нагоричане удрило во пешакот В.Ј.(88) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.