На 01.04.2024 околу 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен Б.И.(70) од с.Црнилиште, општина Долнени.
-Според пријавеното, додека го поправал тракторот во дворот од семејната куќа, тракторот се придвижил и Б.И. се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.