На 11.08.2024 во 20:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат од гостиварско Врапчиште кон автопатот, Х.У.(65) од с.Врапчиште, гостиварско, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Притоа, Х.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Увид на местото на нереќата извршила екипа од ОВР Гостивар.