Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа.
Судирот е помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(44) од Скопје соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека со телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.