На 28.07.2024 во 02.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Добрејци и Пиперево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу запрежно возило управувано од В.Г.(73) од село Добрејци и патничко возило „форд фиеста“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(24) од село Василево, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Г., а со телесни повреди се здобила Е.Б.., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.