Хроника мотоциклистот починал на местото

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мотоциклист удрил во бетонски столб, загина 20-годишно момче!

20-годишник загина откако со моторцикл удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе.

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мотоциклист удрил во бетонски столб, загина 20-годишно момче!

Тешка несреќа се случила вчера во кумановско.

20-годишник загина откако со моторцикл удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе.

-Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Најнови вести од Хроника

To top