Поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка пред Основниот суд во Охрид полицијата денеска приведе три лица од струшкото село Велешта, соопшти СВР Охрид.
Според информацијата, во 13 часот и 45 минути лицата биле приведени во СВР Охрид, а по целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Основниот суд во Охрид денеска беше објавена пресуда за случај со смртни последици, а пред зградата на Судот настанала тензична атмосфера меѓу семејствата на убиениот и обвинетиот, по што интервенирала полицијата.
Влезот во Судот не бил дозволен за двете страни, бидејќи требало само да се објави пресудата и се очкувале тензии. Обвинетиот е осуден на 15 години затворска казна. (МИА)