Хроника Сообраќајна несреќа

Таксист се судрил во мопед: Младо момче и малолетничка се повредени

Во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Таксист се судрил во мопед: Младо момче и малолетничка се повредени

На 12.07.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки (такси возило) управувано од Ќ.М.(57) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.М.(21), двајцата од Скопје.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а неговата малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, стои во соопштението на МВР.

To top