Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
-По добиена пријава на 15.09.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава, информира МВР.
Од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање.