Хроника мвр

СВР Битола викендов регистрира 305 сообраќајни прекршоци

Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период и затоа апелираат возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

СВР Битола викендов регистрира 305 сообраќајни прекршоци

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на викендот продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата и притоа издадени се 305 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи, а наплатени се 95 платни налози.

Според статистичките показатели, од вкупно 1.245 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат и евидентирани се вкупно 121 прекршоци, а откриени се 32 возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 4 возачи кои што управувале нерегистрирани возила.

Од СВР Битола информираат дека викендов изречени се и 17 мерки по основ на зборување на мобилен телефон при возење, како и 60 мерки за непрописно паркирани возила. Од вкупно 299 алкотестирани возачи, кај 11 возачи констатирано е присуство на алкохол и се исклучени од сообраќај.

Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период и затоа апелираат возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

To top