СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Т. од Струга, со престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 15.01.2025 во финансиско друштво во Битола, пријавениот со закана со пиштол кон вработената се обидел да одземе пари, а откако не успеал ја нападнал со тврд предмет.
На 17.01.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојувал, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,62 мм и куршуми.