Полицијата информираше за настан што се случил вчера во Куманово, кога малолетни деца го начекале својот 70-годишен дедо со повреди на главата.
Во текот на вчерашниот ден во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен А.П.(70) од Куманово со повреда во пределот на главата.
Полициски службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и извршен бил увид и притоа бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци.
Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата.
А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.