Хроника Штип

СОПАТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Тинејџери со автомобил удриле во заштитна ограда, па во паркиран автомобил

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

СОПАТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН: Тинејџери со автомобил удриле во заштитна ограда, па во паркиран автомобил

Денеска во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(18) од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д.(18) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

To top