Хроника мвр

Сообраќајна незгода во Козле: Повредените се над седумдесет години

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Т.(73) од Скопје, која била пешак на местото на настанот.

Сообраќајна незгода во Козле: Повредените се над седумдесет години

Вчера во 14.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Козле“ со ул.„Леринска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(73) од Скопје и патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(71) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Т.(73) од Скопје, која била пешак на местото на настанот.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „фиат“ и неговата сопатничка С.Б.(72) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.Ј. се здобил со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани теми

To top