На 24.05.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.