Хроника МВР

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило со полуприколка и работна машина за сечење дрва, има повредени

Несреќета се случила на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица, соопшти МВР.

Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило со полуприколка и работна машина за сечење дрва, има повредени

Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво” со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машиназа сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

Најнови вести од Хроника

To top