Хроника Долно Блаце

Со 5 евра сакал да поткупи македонски цариник, сега ќе биде казнет

При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.

Со 5 евра сакал да поткупи македонски цариник, сега ќе биде казнет

На 22.12.2024 во 21:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В..Л.(28) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358  став 1 од Кривичниот законик.

При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.

Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top