Четиринаесет годишното девојче од Скопје, за кое мајката објави на социјалните мрежи дека е исчезнато, е пријавено и во полиција.
Од МВР за Курир потврдуваат дека утринава добиле пријава во 08:35 часот.
-На 27.11.2023 година во 08:35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземааат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во одговорот кој го добивме од МВР.
Мајката Зорица на Фејсбук објави дека утрово на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска и се губи секаква трага.
-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, стои во објавата.
Мајката на девојчето видно вознемирена за Курир вели дека утрово Вања била весела и расположена, и рекла дека ќе се слушнат после првиот час, но и се губи секаква трага.