На 03.07.2024 во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, О.К. (50) од Скопје, која управувала електричен тротинет, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.