А.Ш.(51) од Скопје била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на Карпош.
Случајот во полиција бил пријавен вчера утрината околу 6 часот.
Починатата, како што информира МВР, имала здравствени проблеми.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, додаваат од полицијата.