На 14.02.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Н.К.(1974) од Скопје пријави дека во 14:15 часот до објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода, И.Д. од Скопје се заканувал на двајца вработени кои работеле на објектот во изградба.
Според пријавеното, после тоа го стартувал возилото „форд“ и се обидел да ги удри, но не успеал, по што со возилото удрил во неговото возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред објектот, кое пак од ударот се придвижило и удрило во друго возило „фолксваген поло“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.