На 26.07.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(61) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од А.Т.(46) од Скопје, со престој во Сојузна Република Германија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.