Хроника Валандово–Струмица

Скопјанец превезувал 17 мигранти од Сирија, удрил во знак и ги повредил сопатниците

Удрил во сообраќаен знак, при што совозачот Н.Б. и мигрантите се здобиле со повреди.

Скопјанец превезувал 17 мигранти од Сирија, удрил во знак и ги повредил сопатниците

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 20.08.2023 на регионалниот пат Валандово–Струмица, пријавениот со патничко возило „фолксваген туарег“, во кое превезувал 17 мигранти од Сирија, удрил во сообраќаен знак, при што совозачот Н.Б. и мигрантите се здобиле со повреди.

To top