Денеска (12.12.2023) околу 01:20 часот на улица „Народни херои“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(31) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.