Хроника

Скопјанец ја нападнал партнерката на Бит Пазар, лишен од слобода

Скопјанец ја нападнал партнерката на Бит Пазар, лишен од слобода

На 14.10.2024 во 23.50 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Р.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна партнерка од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

To top